Сензација во Париз – Алкараз елиминиран на отворањето на турнирот

Големо изненадување се случи во второто коло на Мастерс 1000 АТП турнирот што се игра во салата Барси во Париз.

Моментно 45. играч во светот, Русинот Роман Сафјулин, го победи второпласираниот, Шпанецот Карлос Алкараз со 6:3, 6:4.

Алкараз имаше брејк предности во двата сета, но Сафјулин успеа да направи пресврт и да го реши мечот во своја полза за час и 40 минути игра.

Шпанецот застана на првата пречка во Париз, со оглед на тоа што беше слободен во првото коло.

Сафјулин во 3. коло ќе игра против сонародникот Карен Хачанов.