
Семејството на Фросина Кулакова се сомнева во правен инженеринг
Пред Универзалната сала попладнево одржаа протест што вчера го најави таткото на Фросина Кулакова, кој почна од местото на булеварот „Партизански одреди“ каде таа беше смртно прегазена и заврши пред Основниот кривичен суд во Скопје.
Пред Универзалната сала попладнево одржаа протест што вчера го најави таткото на Фросина Кулакова, кој почна од местото на булеварот „Партизански одреди“ каде таа беше смртно прегазена и заврши пред Основниот кривичен суд во Скопје.
„Во моментов имаме силен сомнеж дека се случува еден цел правен инженеринг нормално тешко криминален. Сега и Врховен суд некој го вклучува во сценариото и излегува со крајно сомнителен термин, го враќа предметот на Васо за дилерство со дрога повторно на Апелација и тоа од чисто формални причини. Ќе бараме одговорност од сите кои се дел од оваа нова судска афера само да се намали казната на убиецот Васо. Очигледна е намерата со игра на датуми да се створи правна конфузија во целата оваа игра што ни ја прават. Сега одбраната ќе бара на Апелација да му се намали казната, бидејќи како отежителна околност во Судот беше тоа што фактички тој бил дилер на дрога“, изјави Тодор Кулаков, татко на Фросина.
Кулаков, од пред скопскиот Кривичен суд, обвини дека правосудниот систем произведува неправди што ги погодува родителите и блиските на сите настрадани.
„Тешко да го речеме правосуден бидејќи во самиот корен на зборот е во колизија со она што значи, прави и произведува. Произведува длабоки неправди, произведува голема дехуманизација на целото општество и произведува и стимулира нови и нови Васовци“, рече Кулаков.
Вчера, во Основниот кривичен суд Скопје беше изречена казната 12 години затвор за Васил Јованов за прегазувањето на Кулакова во сообраќајката што на крајот на јануари годинава се случи во Скопје.