Миле Јовановски, татко на Бојан Јовановски – Боки 13 за „А1он“ опишува каква е состојбата на неговиот син, кого го посетиле со сопругата денеска во затворот „Идризово“.
„Денеска во 14 часот бевме во посета, во КПУ Идризово, каде се наоѓа нашиот син, по извршеното насилство врз него. Како родители на Бојан, заедно со мојата сопруга истакнуваме дека сме загрижени за неговата севкупна состојба, пред се за неговата здравствена состојба. Бидејќи, од страна на затворската докторка не му се дава задолжителната терапија, не се носи на контроли во болница каде има повеќегодишна медицинска историја. Затоа, дефинитивно можам да кажам дека тој е жртва на линч и тортура“ – изјави Миле Јовановски за „А1он“.
Тој тврди дека „Бојан има видливи повреди, хематоми по главата, рани по лицето и околу устата, повредена му е левата рака и чувствува константни болки во стомакот, бидејќи тој веќе и има хронично абдоменално заболување, а домската лекарка буквално се изживува и не му пружа никаква медицинска помош и нега, не ја дава задолжнителната терапија“.
Миле Јовановски вели дека сепак, неговиот син е во добра психичка состојба.
„Бојан е психички во одлична кондиција. Во наредните денови ќе се обрати преку официјално соопштение преку правниот тим“ вели Јовановски.