Семејството Кенеди го повика Роберт Ф. Кенеди Помладиот да поднесе оставка

- Роберт Ф. Кенеди Помладиот е закана за здравјето и благосостојбата на секој Американец, изјави Џозеф П. Кенеди Трети. Кери Кенеди додаде дека медицинските одлуки треба да им се препуштат на обучени и лиценцирани професионалци, а не на „неспособни“ лидери.

Членови на семејството на американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Помладиот денеска го повикаа да поднесе оставка по контроверзното сослушување во Конгресот оваа недела.

Неговата сестра Кери Кенеди и неговиот внук, поранешниот конгресмен Џозеф П. Кенеди Трети, ги осудија неговите ставови за вакцините против Ковид-19 и одлуката да отпушти високи здравствени службеници.

– Роберт Ф. Кенеди Помладиот е закана за здравјето и благосостојбата на секој Американец, изјави Џозеф П. Кенеди Трети. Кери Кенеди додаде дека медицинските одлуки треба да им се препуштат на обучени и лиценцирани професионалци, а не на „неспособни“ лидери.

Ова не е првпат Кенеди Помладиот да се соочи со критики од своето семејство, откако дел од нив се изјаснија против него за време на неуспешната претседателска кампања и повикаа сенаторите да ја одбијат неговата номинација за министер за здравство. Како највисок здравствен функционер во САД, Кенеди го намали финансирањето за истражување на вакцини, го ограничи пристапот до вакцини против Ковид-19 и го смени директорот на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Експерти за јавно здравје предупредуваат дека овие промени ќе имаат сериозни последици за здравјето на Американците и може да предизвикаат политички ризик доколку падот на стапката на вакцинација доведе до епидемија на заразни болести.