Семејствата на настраданите во пожарот во Кочани бараат одговорност, оставки и експертска влада

Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска пред Јавното обвинителство во Скопје повикаа на одговорност и побараа оставки од сите одговорни и формирање на експертска влада. Владимир Апостолов, од име на семејствата, рече дека за трагичната несреќа се виновни сите структури во државата.

Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска пред Јавното обвинителство во Скопје повикаа на одговорност и побараа оставки од сите одговорни и формирање на експертска влада.

Владимир Апостолов, од име на семејствата, рече дека за трагичната несреќа се виновни сите структури во државата.

– Сите да си дадете оставки, рече Апостолов.

Дел од семејствата влегоа во зградата на Јавното обвинителство од каде вчера беше упатен повик за средба со државниот јавен обвинител и со обвинителите кои ги водат предметите за овој случај.

Од Јавното обвинителство, семејствата на настраданите се упатија кон Собранието каде во тек е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Маршот на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани почна во 12 часот и 5 минути како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите.