Семејно насилство во Гостивар: Ги повредил сестрата, мајката и внуката со остар предмет

Случај на семејно насилство е пријавен во Гостивар. Гостиварец со остар предмет почнал да се самоповредува, а потоа ги повредил и неговата мајка, сестра и внука.

Во СВР Тетово денеска во 11 часот и 15 минути е пријавено е дека 26-годишен жител на гостиварско село во семејниот дом, прво со остар предмет неколкупати се самоповредил по телото, а потоа ги повредил и неговата 50-годишна мајка, 29-годишна сестра и малолетната внука. Пријавениот кој имал здравствени проблеми, како и трите други повредени лица се пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. Тие се надвор од животна опасност.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле комплетен увид.

Во полициските билтени често има пријави за семејно насилство.