
Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендери за 5,3 милиони евра, тврди СДСМ
На денешната утринска прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ, објави податоци за нов скандал со корупција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ поврзан со директорот на СОЗР, Ивица Томовски.
На денешната утринска прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ, објави податоци за нов скандал со корупција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ поврзан со директорот на СОЗР, Ивица Томовски. Опозициската партија тврди дека од државни институции и од општини, водени од ВМРО-ДПМНЕ, семејната фирма на Томовски која го менува името добила дури 5 милиони и 360 илјади евра или вкупно 161 тендери.
„Со доаѓањето на ДПМНЕ на власт семејната фирма на Томовски ја зголемила својата деловна дејност за 306 отсто. И тоа само во 2024 година. Само оваа 2025 година, фирмата добила 10 тендери од речиси половина милиони евра.
Сопственик на ‘Сити логистик’ во мометнот кога е основана е Витомир Томовски од Струга, татко на Ивица Томовски а управител Слободан Кутановски, нивни близок роднина.
Потоа се менува името на фирмата, ‘Сити аутсорсинг’. Иста адреса, ист единствен матичен број на субјект, само со друго име“, рече Димитриевиќ.