Селмани смета дека ДУИ е предолго на власт

„Дваесет години на политичката сцена, од кои 18 години на власт, а на локално ниво некаде и со апсолутна власт секако е добро за ДУИ, но се сомневам дека е добро за државата“, вели Имер Селмани, поранешен министер и претседателски кандидат за Утрински брифинг.

Тој посочува дека ДУИ има секакво право да го слави овој јубилеј, но во овој момент кога граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми, ова секако не наидува на одобрување од граѓаните освен на оној груг на партиски активисти.

Имено, од ДУИ се најавени се прослави и музички концерти.