Зијадин Села – претседателот на Алијанса за Албанците денеска ја обвини владејачката партија ДУИ за финансирање партиски портали со пари на граѓаните. Тој, според објавата на „Њуз33.тв“, вели дека активист кој доставувал пици за пратениците на ДУИ е именуван за заменик директор на Државна лотарија и со пари од истата финансира портали во служба на партијата.
„Вознемирувачки се и останатите обиди на оваа партија кои ние ги гледаме од страна, кој цело време се обидува и купува медиуми преку пари на граѓаните, преку луѓе кои до вчера биле пица доставувачи на пица за пратениците на ДУИ, а денеска се заменици директори како во Државната лотарија на Македонија и гледате многу портали кои се ориентирани во напад на опозицијата, притоа правејќи им ПР на ДУИ, ќе ги најдете и одговорите за кои медиуми станува збор кои 24 часа се во служба на режимот, на партијата која ја потисна слободата на говорот, и која што продолжува уште повеќе да ја потиснува истата“ – рече Села.