Села го повика ДКСК да ги испита патниците кои заминале на инаугурација во Вашингтон
Овој натпревар меѓу претставниците на Владата и институциите да патуваат во САД и да демонстрираат „западен имиџ“, додека Македонија останува блокирана во интеграциските процеси, е неприфатливо лицемерие, се вели во реакцијата на Села.
Алијансата на Албанците од делот на Зијадин Села преку соопштение ја повикува ДКСК на итна проверка на транспарентноста на патувањето на инаугурацијата во Вашингтон. Партијата тврди дека за Вашингтон на инаугурација заминале спикерот Африм Гаши, премиерот Христијан Мицковски, вицепремиерот Изет Меџити, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, министерот за здравство Арбен Таравари и лидерот на Алтернатива Зекирија Ибраими.
Истрага за транспарентноста на патувањето на инаугурацијата на Трамп Ја повикуваме Антикорупциската комисија да преземе итни чекори за истрага и откривање на целосната транспарентност на патувањата на владините и државните лидери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Конкретно, бараме одговори на овие прашања: 1. Кој ги плати билетите за присуство на овој настан? 2. Кој ги покрива патните и сместувачките трошоци во САД? 3. Дали за овие расходи биле искористени јавните средства и врз која основа биле оправдани? Овој натпревар меѓу претставниците на Владата и институциите да патуваат во САД и да демонстрираат „западен имиџ“, додека Македонија останува блокирана во интеграциските процеси, е неприфатливо лицемерие. Во оваа кревка ситуација, сомнителна агенда која промовира лични и политички интереси сериозно го нарушува имиџот на државата и довербата на граѓаните. Ја повикуваме Антикорупциската комисија да го спроведе својот мандат за да се погрижи овие расходи да се во согласност со законот и да се во интерес на граѓаните, а не на одредени политички групи. Транспарентноста и отчетноста се клучни за одржување на интегритетот на нашите институции. Потребни се дела, а не зборови! –, се вели во реакцијата на партијата на Села и повикот до ДКСК да провери кој плаќа за нивното патување и престој во САД.
Од владата во денешното соопштение објавија дека за Вашингтон на инагурација заминале премиерот коj ќе биде придружуван од Министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков . Веројатно имињата на Таравари, Гаши и Ибраими доколку е точно дека ќе присуствуваат на инагурацијата ги нема во објавата од владата бидејки тие би биле гости лидери на политички партии.