Селаковиќ: Србија не ги прифаќа резултатите од референдумот во Украина

Министерот за надворешни работи на Србоја – Никола Селаковиќ изјави дека земјата не може да ги прифати резултатите од референдумот во украинските региони бидејќи, како што истакна, тоа би било целосно спротивно на нашите државни и национални интереси.

На прес-конференцијата, на прашањето на Танјуг дали Србија ќе ги прифати резултатите од референдумот во украинските региони, Селаковиќ рече дека во согласност со Повелбата на Обединетите нации и општоприфатените принципи и норми на меѓународното јавно право, Србија не може да ги прифати тие резултати.

„Од една страна, нашата принципиелна посветеност на принципите и правилата на меѓународното јавно право, Повелбата на Обединетите нации, а од друга страна, тоа би било целосно спротивно на нашите државни и национални интереси, целосно спротивно на нашата политика на зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет и посветеност на принципот на неповредливост на границите“, рече Селаковиќ.

Главните теми на сите средби во Њујорк – одбрана на интересите на Србија

Министерот за надворешни работи на Србија изјави дека заедно со претседателот Вучиќ, на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк имале стотина разговори со странски државници и дипломати, а главни теми на сите средби биле одбраната на државните и националните интереси на Србија.

Како особено важни, Селаковиќ ги истакна средбите што претседателот Вучиќ ги имал со Џејкоб Саливан, советникот за национална безбедност на американскиот претседател и други претставници на САД.

Тој посочи дека главни теми на тие средби биле билатералните односи, енергетиката, енергетската диверзификација и дека се разговарало за изградба на соларни паркови, генератори на ветер, изградба на патишта Ѓердап 3 кои само САД можат да ги градат, интерконектор со Бугарија и Северна Македонија.