Срѓан Цековиќ од Сеизмолошкиот институт на Црна Гора за РТС изјави дека секторот регистрирал земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала кај Чараѓе.
Како што потврди тој, длабочината на земјотресот бил на 14 километри под земја. Цековиќ изјавил дека таков земјотрес можел да предизвика материјална штета.
„Имавме многу повици, имаше вознемиреност. Доброто е што епицентарот бил во ненаселено место. Најсилно се почувствува околу Билеќе со интензитет од 6 степени“, вели Цековиќ.
Тој посочи дека во Србија земјотресот најмногу се почувствувал во околината на Нова Варош, Нови Пазар и Пожега.
Тој истакна дека главниот земјотрес бил проследен со уште 30 последователни потреси.
Како што рече, засега нема извештаи за материјална штета.
„Сите граѓани на Црна Гора и на целиот свет треба да научат да живеат со природни катастрофи, кога ќе се случи земјотрес нема место за паника“, вели Цековиќ.