Осум пратеници ја напуштаат партијата на Трифонов?

Осум пратеници ќе ја напуштат пратеничката група на бугарската партија „Има таков народ”, објавува бугарски „24 часа”. Тие ќе ја напуштат групата, иако се уште немаат цврст договор со „Продолжуваме со промените”, а се уште чекаат понуди за партнерство.

Веќе оваа недела, новите независни пратеници можеби ќе треба да бидат вклучени во клучното гласање, јавуваат бугарските медиуми.

Наводно, осуммината ги организира министерот за спорт во оставка – Радостин Василев, кој се спротивстави на заминувањето на партијата од Владата.

Во групата пратеници наводно се досегашната организациска секретарка на ИТН, Викторија Василева, Николај Рамунов, Иво Атанасов, Светлин Стојанов, Ивајло Христов, Дејат Петков, Георги Георгиев и Христинка Иванова.

Вечерва треба да стане јасна конечната бројка на тие пратеници затоа што лидерот на „ИТН“ – Слави Трифонов ги повика пратениците на консултации.