Четири ракетни напади организирале руските сили денеска врз украинскиот град Лавов, а притоа најмалку седум луѓе загинаа.
Како што објавија украинските власти, ракетите биле истрелани од правец на Каспиското eзеро, чија цел била воена инфраструктура, но и еден цивилен објект.
Украинскиот претседател Зеленски изјави дека земјата сега е во исчекување на голема руска офанзива на истокот.
„Сакаат буквално да го завршат и уништат Донбас. Да уништат се што некогаш му даваше слава на овој индустриски регион. Исто како што руските војници го уништуваат Мариупол, тие сакаат да ги збришат другите градови и другите заедници во Донецката и Луганската област“ – рече Зеленски.
Засега најжестока е битката за Мариупол, каде руските трупи соопштија дека навлегуваа во последното украинско упориште во градот, челичарницата „Азовстал“.
„Руските системи за противвоздушна одбрана соборија три украински борбени авиони во воздух -два ловци МиГ-29 во областа на Изjум и еден Су-25 во областа Авдиивка. Исто така, соборени во воздух се 11 украински беспилотни летала“ – изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана – Игор Коношенков.