Седум активни пожари, два под контрола, 15 се изгаснати

Вкупно 24 пожари на отворено имало во текот на денешниот ден до 19 часот. Од нив, сè уште се активни седум, два се под контрола, а 15 изгаснати.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва соопшти дека активни се пожарите меѓу селата Степанци, м.в. Кадиица – Оморани и селото Ораов Дол во Општина Чашка, меѓу селата Пештани, село Кокре и село Кален во Општина Прилеп, меѓу селата Хаџи Хамзали – Едеклерци – Топлик – Драгоево во Општина Штип, како и меѓу селото Танушевци и месноста викана Рамно во Општина Чучер-Сандево.

Активни пожари има и во населбата Тризла во Општина Прилеп, кај селото Теарце во истоимената општина, како и кај селото Вардино во Општина Демир Хисар.

Под контрола се пожарите меѓу селата Десово – Дреновци во Општина Долнени и кај селото Глоѓи во Општина Теарце.