Седумте минути од „Златна бубамара“ за кои зборува цела Македонија

Не престануваат реакциите на јавноста за емотивната изведба на „Ми заплакало селото Ваташа” испреплетена со „Цветови“ на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста”, која вчера беше премиерно прикажана на „Канал 5“.

Во црвен фустан Андријана Јаневска придружувана од хорот „Мирче Ацев“ разбуди бура од емоции кај јавноста со песната од поетот Лазар Манчевски – Пинџур, а моќната изведба ја заокружи Игор Џамбазов со рецитирањето на антологиската поема на Славко Јаневски, и двете песни посветени на 12-те ваташки младинци, убиени од бугарскиот фашистички окупатор во 1943 година.

Во вистинско време, со вистинска емоција, коментираат корисниците на социјалните мрежи за овие 7 легендарни минути: