Седуммина загинати и 46 повредени во пожар во деловна зграда во Јужна Кореја

Агенцијата „Јонхап“ јавува за најмалку 7 загинати, но и 46 повредени во пожар што зафати деловна зграда во јужнокорејскиот град Даегу, на околу 300 километри јужно од Сеул.

Во седумкатница избил пожар, по што десетици луѓе биле евакуирани.

Пожарот бил ставен под контрола за 20-тина минути, а во гаснењето учествувале 50 противпожарни возила и 160 пожарникари.

Полицијата ги истражува причините за пожарот.