Седуммесечното бебе кое беше најдено оставено на улица во центарот на Велес било на моменти до смртта но среќата да биде пронајдено од случаен минувач, а потоа и натчовечките напори на педијатрите во велешката болница му го спасиле животот.
Се уште е во тешка здравствена состојба, но под постојан надзор на лекарски тим и со соодветна терапија.
Доенчето тежело само 4,6 килограми, видно неухрането, со течна столица, често повраќало и сува и исушен кожа.
Мајката 20 годишна девојка која вчера дошла во болницата да пријави дека е нејзино и си заминала, повторно се вратила и од утрово е со доенчето во соба во болницата.
Полициски тим синоќа дошол во болницата а се очекува денес тие да дојдат заедно со социјални работници.