Седумдесет и четири годишен маж починал по пад од мотокултиватор

На патот Делчево – планина Голак, над манастирски комплекс „Балаклија“, С.С.(74) вчера додека управувал мотокултиватор, изгубил контрола и излетал од патот. Потоа од здобиените повреди тој починал.

Како што соопшти МВР, лекар од Клиничката болница Штип констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.