Седница на Советот за безбедност на Бугарија посветена на геополитичката ситуација

Премиерот на Бугарија, Росен Желјазков денеска закажа седница на Советот за безбедност на Советот на министри на тема „Преглед и анализа на актуелната геополитичка ситуација и ризиците по националната безбедност“

Премиерот на Бугарија, Росен Желјазков денеска закажа седница на Советот за безбедност на Советот на министри на тема „Преглед и анализа на актуелната геополитичка ситуација и ризиците по националната безбедност“.

Покрај постојаните членови на Советот, Желјзаков ги покани и претседателите на сите пратенички групи.

Седницата е закажана откако американскиот претседател Доналд Трамп синоќа привремено ја суспендира целата воена помош за Украина.