Седница на ДКСК, ќе постапува по изборни предмети
Членовите на ДКСК ќе постапуваат по изборни предмети како и по други предмети и ќе го разгледуваат Извештајот од антикорупциска проверка на одредби од Изборниот законик, Глава VI, како и Изборна кампања со поднаслов „Медиумско претставување“ од член 75 до член 76- д.
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 24-та седница.
На дневен ред на седницата, како што соопштуваат од ДКСК, се Усвојувањето на Проценката на ризици од корупција за потребите на изработка на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030 и Методологија за изготвување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030.