Седницата за разрешување на „верните министри“ на Таравари започна со доцнење од три часа

По доцнење од речиси 3 часа, но и пребројување за да се обезбеди кворум почна седницата за разрешување на министрите Меџити и Алиу.

Потребата од нивно разрешување ја образложи техничкиот премиер Талат Џафери кој посочи дека нема забелешки за нивниот професионален ангажман туку дека одлуката доаѓа врз база на внатрепартиските случувања во Алијанса откако лидерот Таравари се огласи дека ќе функционира како опозиција.

Меџити пак со свои образложувања дека професионално си ја вршеле својата работа и прстот го впери директно кон Артан Груби кој како што велат му дава налог на техничкиот премиер за овие смени.

Се јавија и од ВМРО-ДПМНЕ дека ова според нив било доказ дека власта функционирала само од свои лични интереси.

Не изостанаа ниту внатрепартиските препукувања меѓу пратениците од Алијанса и од собранискиот прес центар откако координаторот Аднан Незири посочи дека телата кои вчера Таравари ги свикал немаат легитимитет а пак Снопче обвини дека со ваквите одлуки ДУИ добиваат уште две министерски места.

Пред седницата изјава за медиумите даде Зијадин Села кој уште еднаш посочи дека Таравари утре е должен да се појави на партиското собрание и да даде образложение за своите постапки.

И Мендух Тачи веќе се изјасни дека нема да ги гласа овие промени а против ќе бидат и пратениците Снопче и Салиу како дел од крилото кое ги поддржува политиките на Таравари.