Седницата за АНБ одложена, СДСМ ќе почне да ја објавува вистината за случајот

Седницата на која требаше да се бара пратениците од Комисијата за надзор на работата на безбедносните служби да одат во контрола во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) по неколку дена политички театар и без објаснување – е одложена.

Седницата на која требаше да се бара пратениците од Комисијата за надзор на работата на безбедносните служби да одат во контрола во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) по неколку дена политички театар и без објаснување – е одложена.

Откако вчера се препукуваа со претседателот на Комисијата, Скендер Реџепи дали да се свика седница или не, бидејќи нема безбедносен сертификат, па ја свика спикерот Африм Гаши со најава дека со неа ќе претседава Славјанка Петровска, со цел да се побара влез во АНБ и да се проверат фактите – одеднаш снема волја таа да се одржи.

Сепак, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, закажа прес конференција половина час пред закажаната седница за да ја каже, како што најави, вистината за случајот со наводното прислушување на премиерот Христијан Мицкоски во периодот од 2019 до 2024 година.

Од опозициската партија инсистираат на декласификација на материјалите за случајот АНБ, додека од власта бараат Обвинителството да го расчисти случајот и правна разрешница и казни за, како што велат, оние што ги злоупотребувале ресурсите на Агенцијата за следење на лидерот на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а сега премиер, Мицкоски, новинари и бизнисмени.

„Зошто после речиси една недела од објавувањето на наводите за наводно следење власта не ја отпочнува процедурата за декласификација на документите со случајот АНБ? Зошто самиот Мицкоски не побара декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност во која наводно бил следен? СДСМ започнува со објавување на вистината за случајот АНБ. Кои се причините и што се крие зад бегањето на власта од декласификацијата на документите?“- се вели во соопштението со најавата на СДСМ.