Седми проектил за две неделни: Северна Кореја истрела уште една балистичка ракета

Ракетата паднала надвор од јапонската ексклузивна економска зона (ЕЕЗ), соопшти крајбрежната стража. ЕЕЗ е заштитена погранична зона на Јапонија која се протега од заливот Токио до островите Изу и Огасавара.

Последната ракетна проба на Северна Кореја е седма за само две недели, а се сомнева дека е поврзана со претстојната посета на американскиот потпретседател Камала Харис на Тајланд, потсетува Дејл Меил.

Јужна Кореја и САД во петокот и денеска спроведоа заедничка поморска воена вежба на која учествуваше и американскиот носач на авиони на нуклеарен погон „Роналд Реган“, по заедничката вежба меѓу двете земји со Јапонија во четвртокот.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида го осуди петтото лансирање минатата недела и ги нарече акциите на Северна Кореја „варварски“.

Тој истакна дека Владата ќе продолжи да собира и анализира информации за ова.