Со развиорени македонски знамиња и со маички на кои е напишано „НЕ“ денеска седми ден продолжи протестот против францускиот предлог.
Протестот вечерва во 19 часот започна пред Владата.
На булеварот „Илинден“ стои паролата „Но пасаран“, а група млади луѓе со тапани скандира „Македонија“.
Дел од транспарентите беа „Сепак ние ќе победиме“ и „Стоп за бугаризација“, но и најголемиот – „Со фашисти не преговараме“.
Протестот против францускиот предлог, под мотото „Ултиматум – НЕ благодарам“, се одржува седми ден. Учесниците од Владата ќе се упатија кон Министерство за правда каде искажаа своите пораки, а потоа продолжија пред Собранието.
Вчера, поради муслиманскиот празник Курбан Бајрам протест не се одржа, а не се организираше ниту во петокот кога незадоволството беше изразено преку блокади во Скопје, на булеварот пред Владата, како и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп.
Иницијативата „Ултиматум – НЕ благодарам“ денеска преку соопштение до медиумите повика на масовност и на мирно и достоинствено протестирање.