Украинскиот претседател -Володимир Зеленски го повика германскиот канцелар Олаф Шолц да го урне ѕидот меѓу мирот и судирите во Европа и да ја запре војната во Украина. Зеленски во видео- обраќањето во германскиот Бундестаг упати остри критики до западните лидери. Рече дека додека руските сили трупале војска на украинската граница пред инвазијата, западните лидери дејствувале премногу бавно.
„Нема место за нас на оваа маса“ рече украинскиот претседател и го повика официјален Берлин да ја поддржи кандидатурата на Украина да стане членка на Европската Унија.
Германија доби критики и дека бавно усвојува поостри мерки против Русија.
„Сега постои „ѕид“ во Европа меѓу слободата и недостигот на слобода. Сè уште сте заглавени зад ѕид. Овој најнов ѕид беше „многу посилен“ и ги спречуваше другите Европејци да ги видат страдањата во Украина“ – рече тој.
Украинскиот претседател ја повика Германија да се наметне со лидерска улога и да стави крај на војната.