– Доколку земјата има амбиции да се движи кон Европската Унија, мора да се знае каде е. Сега не е време да се седи на две столчиња, изјави Пленковиќ на прес-конференција, каде ги претстави мерките за ублажување на цените на енергентите.
Тој ја коментираше откажаната посета на Белград од страна на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Според Пленковиќ, посетата „нема врска со Хрватска“ и тоа е работа на Москва и Белград. Но, тој нагласи дека Србија „во вакви околности мора добро да внимава која страна ја бира“.
Лавров требаше да отпатува за Белград, но, посетата е откажана откако Бугарија, Црна Гора, Македонија, го затворија воздушниот простор.