„За 30 дена Мицкоски е премиерот на Влада која спровела убедливо најлоши политики за рекордно кратко време“, соопштуваат од СДСМ.
„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ успеаа:
Да го прекинат растот на платите, една од најдобрите политики на СДСМ.
Да се направат 4 нови министерства за вдомување на партиски кадри
Да ја задолжат државата на рекордни 68% јавен долг
Да го зголемат буџетскиот дефицит со ребалнасот на рекордни 4,9%
Да отвората затворен проблем со Грција и ја блокираат одново земјата.
Да се возат со другарите министри во луксузни бизнис класи и да кријат за тоа
Да си прават фамилијарни патувања и да кријат за тоа, исто така.
Неговите најблиски соработници добиваат подароци од 325.000 евра и молчат со денови за тоа. Потоа несмасно се вадат од калта, тој исто така си молчи.
Да молчи Мицкоски кога исчезнува македонското знаме од институциите, тема на која претходно беше гласен
Да не обезбеди 5000 денари за пензионерите, реалниот раст ќе биде до 1000 денари, а за некои категории 0 денари.
Да смести министерка во Владата со бугарско државјанство, а за тоа претходно да дига хистерија
Министерот за внатрешни работи да не може да реши ниедно убиство во шест месеци. Грешка, едно решено од 6 убиства, најлош резултат на истраги во историјата.
Државата да е претворена во Див запад со масовен раст на криминалот по улиците.
Да молчи пред Радев и Главчев додека тие јасно кажуваат што очекуваат од него. Потоа да снима видеа и да се чука во гради.
Да се срами да го користи името Македонија, па ја нарекува нашата земја, татковината или воопшто да не ја нарекува никако.
Да излаже дека нема да го користи името Северна Македонија, го користи ама скришно.
Да не обезбеди учебници иако во кампањата убедуваше дека ќе обезбеди
Да фрла лопати на инвестиции од СДСМ додека државата гори. Потоа да се скрие пет дена од срам.
Целосно да потфрли со реакцијата на пожарите во неготинско каде изгоре цела планина. СДСМ и граѓаните четри и пол дена порано реагираа на состојбата.
Најава дека недела неработен ќе се укинува, една од најзначајните придобивки за работниците.
Целосно седнување во скут на друга држава и ставање на Македонија во економско и политичко заложништво за 500 милиони евра
Да си го прифати Бехтел и Енка кој за него беше најкриминалниот проект во историјата
Да не ги покачи платите на клучните сектори, здравство и образование а да објаснува како тие се селеле заради лошите услови.
Да имаме Претседателка на држава која не знае дека доброволен воен рок се служи откако е укинат задолжителниот.
Направена е паралелна координација на Влада на министрите од ВЛЕН, воведување на паралелизам, Мицкоски да си молчи а порано тао беше албанизација на институциите
Да оди наоколу и да се жали како Калимеро дека нема пари нема правда со буџетот, а тоа да биде целосна лага со која се манипулираат работниците дека нема да им се качат платите.
Да постави заменик министер на МВР со физичко образование. Не е ни чудо што нема ефект во истрагите. Целосен дебакл на кадровската политика во прв и втор ешалон.
Да лаже дека го болат колената а да се качува на Водно за сликање секој вотр викенд.
Да се покачи цената на лебот и да не интервенираат
Да се покачи цената на струјата и да не интервенираат.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за 30 дена докажаа дека немаат никаков капацитет за водење држава, но и погрешни намери и идеа за тоа каде и во која насока треба да се води државата“, порачаа од опозициската партија.