
СДСМ денеска во Владата на Република Северна Македонија ќе му достави документи на премиерот Христијан Мицкоски за нивните тврдења во врска со работата на првиот вицепремиер Изет Меџити.
– СДСМ чувствува одговорност да реагира веднаш откако премиерот Мицкоски јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата, се наведува во соопштението од СДСМ и се додава дека пред да бидат документите предадени во Владата изјава за медиуми ќе даде портпаролката на партијата, Богданка Кузеска.