СДСМ ја поздрави одлуката на Стејт департментот на САД

СДСМ останува доследна во својата заложба за изградба на праведно општество, во кое владеењето на правото и отчетноста ќе бидат темелите на нашата иднина“ велат од партијата.

СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД за ставaње на нови лица од државата на црната листа.

„СДСМ ја смета за исклучително значајна поддршката на стратешките партнери на Северна Македонија во борбата против корупцијата и криминалот.

Сите сомнежи за корупција мора да бидат истражени и санкционирани без компромис од страна на правосудните органи во Северна Македонија. Го охрабруваме целиот правосуден систем во државата да работи посветено и без двоумење на расчистување со сите форми на криминал и корупција, со цел да обезбеди праведност и еднаквост за сите граѓани.

СДСМ останува доследна во својата заложба за изградба на праведно општество, во кое владеењето на правото и отчетноста ќе бидат темелите на нашата иднина“ велат од партијата.