Во продолжение го пренесуваме соопштението на Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ:
Во време кога државата се наоѓа пред историска шанса за продолжување на европскиот пат, потребна е одговорност од сите релевантни политички субјекти и парламентарни партии.
СДСМ подаде рака кон опозицијата, се случи лидерска средба и се отвори дијалогот.
Она што е најважно е дека дојдовме до точка каде што од страна на Христијан Мицкоски се прифатени уставните измени и учество во широка Влада.
Сега потребно е дијалогот да продолжи, но да продолжи суштински и наместо преку изјави и прес – конференции, потребно е и ДПМНЕ да формира работна група.
Нема потреба ниту да се навраќаме наназад ниту да ги толкуваме. Променетиот став е добар за државата и повикуваме да останат на тој став за да продолжи дијалогот што поскоро.
Мицкоски и ДПМНЕ цело време, со месеци наназад изјавуваа дека овој парламентарен состав нема мандат за уставни измени од народот и дека во овој состав не се можни.
На 24 март Мицкоски ќе изјави, цитирам: „Овој Парламент нема мандат да менува Устав“
„Во овој парламентарен состав промена на Устав нема да има“ ќе изјави Мицкоски на први април во Штип.
Пред само десетина денови, на втори јуни Мицкоски ќе изјави дека не сака да се ангажира и да се вклучи во процесот затоа што нема мандат од народот.
И не само Мицкоски, и Николовски и Мицевски и многу други претставници на ДПМНЕ со месеци велеа дека пратениците од овој парламентарен состав немаа мандат од народот за уставни измени.
По лидерската средба, Мицкоски излезе со променет став и тоа е за поздравување.
СДСМ ја охрабрува ДПМНЕ да остане на променетиот став.
Ги охрабруваме Мицкоски и ДПМНЕ да останат на последниот свој став, да продолжи дијалогот, сите заеднички да ја преземеме одговорноста за сегашните и идните генерации, заедно да ја обезбедиме европската иднина преку полноправно членство во ЕУ, во следните неколку години.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ