СДСМ: Фрљо – последната линија на одбрана на ВМРО

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија оценува дека ВМРО-ДПМНЕ сè почесто ја активира својата стара пропагандна мрежа, секогаш кога партиските ботови и шаблонските напади ќе ја изгубат ефикасноста.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија оценува дека ВМРО-ДПМНЕ сè почесто ја активира својата стара пропагандна мрежа, секогаш кога партиските ботови и шаблонските напади ќе ја изгубат ефикасноста.

„Кога програмите со една функција ќе ‘зарибаат’, тогаш на сцена стапуваат истите луѓе кои со години се дел од партиската кујна на ВМРО-ДПМНЕ, познати уште од времето на режимот на Никола Груевски“, соопштуваат од СДСМ.

Во таа насока, од партијата посочуваат на поединци од медиумската сцена, во јавноста препознатливи како џубокс-новинари и неформални ПР-експерти, кои темелно реагираат на секое соопштение на СДСМ, дури и со помош на нови технологии и вештачка интелигенција.

„Иронијата е што токму тие се обидуваат да зборуваат за модерни трендови и иновации, иако нивниот политички и медиумски пристап е одамна надминат“, наведуваат од СДСМ.

Според партијата, најзагрижувачко е селективното сеќавање на овие поединци, кои денес гласно зборуваат за ‘српски свет’, но забораваат на сопствените професионални ангажмани во медиуми со сопственици и уредувачки политики поврзани со Србија.

„Очигледно меморијата откажува кога станува збор за сопственото минато – од работата во дневни весници со српски газди, до ангажманите во белградски медиуми, но функционира кога треба да се напаѓа СДСМ“, реагираат од партијата.

Од СДСМ додаваат дека македонското новинарство има потреба од интегритет, професионализам и независност, а не од политички инструменти и застарени пропагандни методи.

„Добро би било некои да се потсетат на основните принципи на новинарската професија, можеби дури и преку сопствените книги и текстови од минатото, затоа што слободното новинарство не смее да биде последната линија на одбрана на која било партија“, порачуваат од СДСМ.