Со денови ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја пренасочи одговорноста за избеганиот Рамадани кон судството, без ништо да каже за одговорноста на МВР и Тошковски кои беа задолжени да го обезбедат во куќен притвор.
Што се однесува до судијата Пајазити, за кој со денови ВМРО-ДПМНЕ бара смена, според официјалните информации тој е избран токму за време на владеењето на на славната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Според официјалните информации, Пајазити е избран за судија на 02.01.2013 година.
ВМРО-ДПМНЕ, наместо да се обидува да се вади од одговорност во целиот случај, во најкус рок мора да го разреши Тошковски од функцијата министер за внатрешни работи затоа што одговорноста за бегството е негова.
Во најкус бараме МВР да излезе со извештај за тоа кој дозволил Рамадани да избега за така краток рок без да биде соодветно обезбеден.
Повеќе од јасно е дека МВР игра клучна улога во неговото ноншалантно бегство и тоа многу брзо ќе се дознае – соопштија денеска од опозициската СДСМ како одговор на ВМРО-ДПМНЕ од каде велат:
„Пајазит Пајазити да биде разрешен веднаш, тој е експонент на СДС и ДУИ во судството, кој го руши системот од внатре.
Пајазити не ги задоволува етичките и законски основи да остане да биде судија. Тој наместо затворски притвор, му додели куќен притвор на Блерим Рамадани, и со тоа му отвори пат да избега.
Пајазити знаел дека Рамадани согласно неговото минато и искуство може да се впушти во бегство, но и покрај тоа свесно го ставил во куќен притвор.
Очигледна е намерата на Пајазити да му даде можност на Блерим Рамадани да избега.
Пајазити мора да одговора, а за почеток тој треба да биде разрешен од судската функција“.