СДСМ со нови мерки против загадувањето

Како одговорна партија денеска СДСМ предлага нов сет на мерки, фокусирани на ингеренциите на локалните власти, општините. Дел од овие мерки успешно се реализираат во општините кои ги водат градоначалници од СДСМ, и сите се применливи, изјави потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.

Како одговорна партија денеска СДСМ предлага нов сет на мерки, фокусирани на ингеренциите на локалните власти, општините. Дел од овие мерки успешно се реализираат во општините кои ги водат градоначалници од СДСМ, и сите се применливи, изјави потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.

Таа порача Општините да донесат Програми за субвенција за набавка на еколошки системи за затоплување во јавните објекти, субвенции за набавка на велосипеди, субвенции за чистење на оџаците, за набавка на топлински пумпи, сончеви колектори, инвертер клима уреди и други чисти технологии.

„Да набават и да постават прочистувачи на воздух во сите градинки и општински училишта. Да инвестираат во филтри на прозорците на училиштата и градинките кои се непропустливи за штетните честички ПМ 10 и ПМ 2,5.

Општините да им помогнат на социјално загрозените семејства при набавка на енергенс за затоплување – посебна Програма за субвенционирање.
Да се спроведе план за интензивно зазеленување на јавните површини(по примерот на локалната власт во Скопје кога беа обезбедни нови 300.000 метри квадратни нови зелени површини во Град Скопје)

Во Скопје конкретно, да се набават нови еколошки автобуси за Град Скопје. 25 пати не е донесена Одлуката за набавка на нови еко автобуси за Град Скопје на Совет затоа што советниците на ДПМНЕ гласаат против.

Да се вршат редовни контроли на инсталациите со Б интегрирана дозвола и контроли на градилиштата, дали изведувачите спроведуваат мерки за миење на тркалата.

Интензивно миење на улиците, редовно собирање на отпадот и чистење на дивите депонии од страна на јавните комунални претпријатија. Да се започне постапката за носење на Закон за комунална полиција, а не истиот да се користи како популизам. Локалните власти на граѓаните да набавуваат еколошко така наречено суво дрво за огрев“ наведе Шукова.

Борбата против загадениот воздух, рече таа, е долг процес кој бара континуирана посветеност, стратешки и конкретни мерки од власта и институциите за намалување на загадувањето.

Таа ја повика локалната и централната власт да ги прифати предлог мерките на СДСМ и да ги реализира во целост.