
Повеќе од две недели по почетокот на учебната година мнозинство ученици и училишта сѐ уште се без учебници, пишува во соопштението на СДСМ
-Денешните изјави на министерката Јаневска дека недостатокот на учебници ќе го решавале со донации се признание за дебаклот и неспособноста на оваа власт.
-На 11 јуни министерката Јаневска изјави дека сите учебници, вклучувајќи ги и оние за странски јазици од прво до деветто одделение, ќе бидат обезбедени до 1 септември.
-Помина повеќе од половиа месец, учебници нема.
-Со една работа само се пофалија и за таа излажаа.
-Цената за неспособноста на власта ја плаќаат учениците и нивните родители.
-Учениците не можат да учат, не можат добро да се подготват, се создава хаос со наставата, и сето тоа е дополнителен стрес за сите нив.
-Јавноста очекува одговорност за пропустите и сериозен план кој ќе гарантира дека вакви срамни ситуации нема да се повторуваат, додаваат од СДСМ