СДСМ: Скопјани се жртва на политички игри и меѓусебните инаетења на ДПМНЕ и Арсовска

„Катастрофално лоша е состојбата во Скопје. Нема градски превоз, смет и нечисти улици на сите страни, ниту основните услуги граѓаните не можат да ги добијат. Реално, Скопје се наоѓа во голема криза“, велат од СДСМ.

„Катастрофално лоша е состојбата во Скопје. Нема градски превоз, смет и нечисти улици на сите страни, ниту основните услуги граѓаните не можат да ги добијат. Реално, Скопје се наоѓа во голема криза“, велат од СДСМ.

„Скопјани се жртва на политички игри и меѓусебните инаетења на ДПМНЕ и Арсовска.

-Нема ни М од модерно Скопје кое го ветуваа и со кое бараа доверба од граѓаните, нема ништо од нивните ветувања пред изборите. На Скопје му ја приредија најголемата катастрофа после земјотресот.

-Наместо да водат политичка војна врз грбот на граѓаните треба да преземат одговорност.

-Не може министрите во Владата на Мицкоски да се возат во скапи службени коли а граѓаните да се оставени да одат пешки. Не може власта да го игнорира главниот град.

-Советничката група на СДСМ и коалицијата иницираше и поднесе Барање за вонредна седница.
На седницата ќе предложиме конкретни мерки кои очекуваме заеднички да ги поддржат сите советници и конечно да им се излезе во пресрет на граѓаните на Скопје.

-Потребно е обединување заради интересите на скопјани.

-Доколку и овој обид за заедничка акција биде опструиран, ќе го преиспитаме нашето учество во Советот“, соопшти СДСМ.