СДСМ решава за носителите на парламентарните избори

СДСМ денеска на седници на Централниот и на Извршниот комитет, а потоа и на Конгрес на партијата треба да донесе одлука за носителите на кандидатските листи за парламентарните избори. Пред делегатите ќе биде презентирана и програмата за претстојните избори.

На почетокот на 28. Конгрес на СДСМ на отворениот дел ќе се обрати лидерот Димитар Ковачевски, по што следува работниот дел. Досега е потврдено дека носител на листа во Првата изборна единица ќе биде Ковачевски, а ко-носител Моника Зајкова од ЛДП, како и дека во една од изборните единици носителка ќе биде потпретседателката на партијата Сања Лукаревска.

Учесниците на изборите, листите со кандидат/и за пратеници треба да ги достават до ДИК најдоцна на 2 април, до 24:00 часот – 35 дена пред денот на одржување на изборите. Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и за пратеници ДИК ќе ја одржи најдоцна на 13 април.