СДСМ прашува зошто актуелниот директор на ДПИ не е опфатен со истрагата за Кочани

Опозициската СДСМ изразува длабока загриженост дека истрагата за трагедијата во Кочани се води селективно и дека е насочена само кон поранешни функционери и службеници.

Опозициската СДСМ изразува длабока загриженост дека истрагата за трагедијата во Кочани се води селективно и дека е насочена само кон поранешни функционери и службеници.

„Според јавно достапните информации, двајца поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) се опфатени со истрагата поради наводно непостапување.

Логично се наметнува прашањето зошто актуелниот директор на ДПИ, Влатко Стојкоски не е опфатен со истрагата?

Иако носи дури и поголема одговорност за надзорот врз објектот ‘Пулс’ во период пред и за време на кривично-правниот настан.

Државниот пазарен инспекторат има надлежност да врши надзор над примената на законите а има и законска обврска да одреди и забрана за работа од 30 дена доколку не се исполнети законските услови.

Дали сето ова било спроведено во мандатот на актуелниот директор на ДПИ? Дали постоеле сознанија за прекршувања на законите? Или некој свесно не постапил?

Селективната правда не е никаква правда. Доколку се штитат поединци блиски до власта, довербата на граѓаните во правосудниот систем ќе биде целосно урната, а чувството на неправда – уште подлабоко“, рече на прес-конференција Јон Фрчкоски,– директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ.