„СДСМ работи во интерес на граѓаните и државата и прави сè за членство во Европската унија. По 17 години чекање ги започнавме преговорите за членство во ЕУ, со заштитен македонски идентитет и признат македонски јазик“ велат од владејачката партија.
Оттаму велат дека „усвојувањето на уставните измени е за продолжување на европскиот пат и ќе ја обезбеди европската иднина на државата и на граѓаните“.
„Од друга страна ДПМНЕ само блокира и се поставува како пречка на патот кон ЕУ членство. Сите лаги и деструкции на ДПМНЕ им потонаа и за бугаризација и асимилација, за губење на јазикот и идентитетот, за бугарски диктат. Со попречување на напредокот на европскиот пат, ДПМНЕ кочат поголеми плати, пензии, кочат подобар живот за граѓаните, економска извесност, подобри перспективи за младите. Пред државата е единствена можност, што треба да се искористи. Вратите на ЕУ се отворени, поддршката од стратешките партнери е силна и јасна“ се вели во партиското соопштение.