СДСМ: После Албанија и Косово, следна дестинација на мигранти е Македонија

Од партијата велат „Британските медуими пак пренесоа дека Владата на Мицкоски и ДПМНЕ разговара за мигранти од Британија во Македонија. Британците известуваат дека е договорено по 20.000 фунти по мигрант, нивно вклучување на пазарот на труд, особено во градежништвото, како и долгорочно населување во нашата држава“.

„Не се само британските медиуми, многу светски медиуми имаат објавено анализи и информации од планот за „центри за враќање на мигранти“ од Британија и други земји на Балканот. Косово стана првата земја која прифати одбиените мигранти од Британија. Албанија исто така се согласи за изградба на прифатни центри за мигранти, но од Италија. Пред 5 дена, „Дојче Веле“ објави дека 40 мигранти веќе беа донесени со воен брод во центрите во Албанија. Ете колку бргу се развиваат работите. „Мигрантите, треба да останат во камп во Албанија сè додека не бидат депортирани“, пишува во текстот на Дојде Веле“ соопштија од СДСМ.

Од партијата велат „Британските медуими пак пренесоа дека Владата на Мицкоски и ДПМНЕ разговара за мигранти од Британија во Македонија. Британците известуваат дека е договорено по 20.000 фунти по мигрант, нивно вклучување на пазарот на труд, особено во градежништвото, како и долгорочно населување во нашата држава“.

„Ова е вистината! Дали светските медиумите лажат? Дали СДСМ лаже? Кој лаже? Власта на Мицкоски. Владата нема пари, веќе недостасува 1 милијарда евра, очигледно сакаат да земат кредит од 6 милијарди евра а за возврат да донесат мигранти. Граѓаните се против овие антинационални и антидржавни политики на ДПМНЕ и велат НЕ за мигранти , НЕ за загрозување на безбедноста на државата“ е ставот на СДСМ.