СДСМ побара и разрешување и истрага за директорката на Еразмус, Михајлов

По неколкудневните обвинувања за улогата на новата в.д. директорка на програмата Еразмус, Ана Михајлов, СДСМ денеска побара таа да биде разрешена и да се покрене истрага за нејзините постапувања.

По неколкудневните обвинувања за улогата на новата в.д. директорка на програмата Еразмус, Ана Михајлов, СДСМ денеска побара таа да биде разрешена и да се покрене истрага за нејзините постапувања.

„По огромниот скандал Владата на Христијан Мицкоски мора веднаш да ја разреши в.д. директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Ана Михајлов.

Тоа е основен услов за целосно и непристрасно процесирање на предметот од Јавното обвинителство врз основа на наодите на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами.

Во извештајот на ОЛАФ, којшто е јавно објавен, постојат сомнежи дека во периодот кога Михајлов била одговорно лице за евалуаторите, преку вмрежени лица и фирми се злоупотребени над 2 милиони евра.

Иако извештајот е доставен во 2023 година, до ден-денес нема обвинителен акт.

Дополнително, веќе објавивме информации од свиркачи за тоа како се доделени преку 8 милиони евра на фирми под крајно сомнителни околности кои мора да се истражат“, рече на прес-конференција Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ.