СДСМ побараа екс-премиерот да се врати во Скопје

СДСМ реагира по вчерашната објава на екс-премиерот Никола Груевски кој избега од државата и моментално живее во Будимпешта. Од партијата упатија низа иронични зборови за поранешниот премиер, велејќи дека е „будимпештански пишувач на бајки“ и обвинувајќи го дека „ја зави земјата во црнило и ја остави во безнадежност“. Посочија дека премиерот Христијан Мицкоски само е негов извршител и ги следи истите политики.

СДСМ реагира по вчерашната објава на екс-премиерот Никола Груевски кој избега од државата и моментално живее во Будимпешта. Од партијата упатија низа иронични зборови за поранешниот премиер, велејќи дека е „будимпештански пишувач на бајки“ и обвинувајќи го дека „ја зави земјата во црнило и ја остави во безнадежност“. Посочија дека премиерот Христијан Мицкоски само е негов извршител и ги следи истите политики.

„Денес, тој „гениј“ сместен удобно во срцето на Европската Унија, токму таму каде што никогаш не сакаше да ја однесе Македонија. Како ли само дише европски воздух без да се задуши од иронија? Овој морален мал човек (иако се покажа дека има идеална големина за во гепек, додека бегаше преку граница), во секоја смисла на зборот, сега дели „мудрости“ откако побегна од правдата.

Човекот кој прислушкуваше 20.000 граѓани, апсеше, купуваше „Мерцедес“ од 650.000 евра (народни пари нормално) и очила за сонце од 30.000 евра (за подобро да ја види сопствената корупција). Човекот кој изнесе 2 милијарди од земјата (а сега вели не бил сигурен дали биле 2 или 7 милијарди, очигледно многу пари за броење), веројатно за да си го финансира сонот во азил.

Тоа е истиот тој Груевски чијшто најблизок круг го сочинуваат: министерка за внатрешни работи што возела украден автомобил, ни помалку ни повеќе од Дејвид Бекам (класика!), министри што закупувале цели катови во луксузни хотели, и се занимаваат со криминал.

„Херој“? Никако. Повеќе личи на Мики Маус, Дизни јунак од цртан филм кој држи лекции на другите“, му порачаа од „Бихаќка“.

Наместо да седи, додаваат од СДСМ, „во Идризово и да пишува мемоари со наслов „Како ја ограбив Македонија“ (би бил бестселер), тој од својот будимпештански луксуз произведува „Будимпештански бајки за деца“, измислени приказни од чиста досада“.

„Своите „машки“ комплекси и кризата на средни години ги лекува со фарбање коса, филери и ботокс како телевизиска ѕвезда од сапунска серија, во криза. Тоа е Никола – нашиот „beauty influencer“ и трендсетер!

И покрај активното пишување бајки и белетристика, тој стигнува, како некогаш, насекаде – дури и да ја води својата партија од далечина. Активно учествува во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, плукајќи по луѓе со измислени „Дубаи сказни за деца“, против оние што донесоа слобода за Македонија.

И го остави малиот Мицко (сега веќе пораснат, поминаа години) да го продолжува неговиот „славен“ пат. Зошто самиот да го работи валканиот дел од работата кога некој друг може наместо него, и тоа од далечина?

Никола, наш црн Грујо, биди барем еднаш во животот маж и дојди во Скопје. Ќе ти приредиме убав пречек. Ќе има многу луѓе, ротации, протокол, лисици, сè на највисоко ниво, баш како што сакаш. Смееш ли? Или, можеби, си се навикнал на унгарски гулаш па не ти одговара македонско тваче гравче“, стои во целото соопштение од СДСМ.

Во последната објава на Фејсбук, Груевски од Будимпешта ги нападна поранешниот и сегашниот претседател на СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче.