СДСМ: Осудениот за петте тона кокаин со Мицкоски во Брвеница

СДСМ објави дека осудениот за запленетите пет тони кокаин , С.З. познат како Симе  – не е во затвор, туку на терен со премиерот Христијан Мицкоски.

СДСМ објави дека осудениот за запленетите пет тони кокаин , С.З. познат како Симе  – не е во затвор, туку на терен со премиерот Христијан Мицкоски.
-Еве го повторно со Мицкоски. Нова слика од вчера, додека Мицкоски дава изјава. Работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница.

СДСМ објави цел албум фотографии со арамијата Мицкоски. Со години  е во друштво на арамијата на обиколки по терен. Уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари. Цела Македонија го видео како пука со калашников.  Во друго видео како го цитира Шешељ пред руско знаме. ВМРО прво рече „само една фотографија“. Потоа излегоа повеќе слики и видеа. Од тогаш молк. Институциите молчат. Арамијата Мицкоски никогаш не одговори на прашањата. Сега истиот Симе е на слобода, го гледаме на нови слики со Мицкоски. Одговорност нема.

Симе беше уапсен во време кога 5 тони дрога поминаа од Македонија и беа запленети во Србија, кај сестринската СНС, во селото Коњух кај Крушевац. Очигледно Симе е пуштен да плаќа и да се заканува во Брвеница. Ова е враќање во времето на мракот на Груевски и Мијалков. Заштита на криминалци што работат за бандата. СДСМ бара обвинителството веднаш да испита зошто Симе не е во затвор?

Кој го пушти? Како е можно човек уапсен со дрога и оружје да работи за власта наместо да одговара?!, праша на прес-конференција портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ Богданка Кузеска.