Очигледно власта мисли дека комисијата треба да е жртвено јагне за да се спаси Сиљановска и нарачетелите на овие скандалозни помилувања, соопштија од СДСМ.
Од партијата велат дека претседателката Силљновска ги дава и одлучува за помилувањата, а не комисијата и дека целосната одговорноста е кај неа.
„За скандалозните помилувања мора да има одговорност и за Сиљановска и за нарачателите. Во април 2023 година унгарската претседателка Каталин Новак си поднесе оставка поради скандал со помилување на едно лице.
Сиљановска помилуваше и нарко бос и осудени криминалци, вмешани во шпионски афери. Нели Унгарија и Орбан се моделот кој го следи Христијан Мицкоски?
Еве по примерот на Унгарија нека се одважи Сиљановска и нека понесе одговорност, нека си даде оставка“ порачаа од СДСМ.