СДСМ: Одговорност за сите вмешани во тепањето на полицаецот и попречувањето на акција против дрога

„Скандалот со тепањето полицајци од страна на обезбедувањето на Христијан Мицкоски и попречувањето на полициската акција против дрога мора целосно да биде расчистен“ велат од СДСМ.

Порачуваат дека „Најавите за проширување на истрагата се позитивен момент во вистинска насока“.

„МВР мора да одговори на прашањето за улогата на Мицкоски? Затоа што станува збор за спречување на акцијата против дрога од страна на негово обезбедување. Затоа овој случај мора целосно да се расветли и сите инволвирани да понесат одговорност“ е партискиот став.