„Повеќе судски пресуди и признанија на вина од страна на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, како „Титаник“ и „Плацови на Водно“ се потврда дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, односно злосторничко здружение.
Со судски одлуки е потврдено злосторничкото здружување, организираното перење пари, незаконското богатење преку криминални Белизе-шеми, изборните измами, криминализација на изборниот процес.
Шефот на Христијан Мицкоски, избеганиот криминалец Никола Груевски, е осуден на 11 години затвор во само три предмети.
Во периодот додека се правеле овие криминалии, во 2015 година, Мицкоски му бил советник на Никола Груевски, а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Ниту Мицкоски, ниту неговата партија не се оградија од криминалот, не им се извинија на граѓаните, не побараа одговорност. Ниту еднаш.
После сето ова, после овие пресуди и признанија за криминал од енормни размери нема друго, Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка“ се вели во денешното соопштение од владејачката СДСМ.