
Остар демант на СДСМ: Ние се боревме против Сотир Лукровски и не го поддржуваме
„Во целост ги демантираме шпекулациите дека фотографијата на Маја Мојсовa со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски се било каква поддршка од СДСМ за Лукровски.
Објавата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош, Сотир Лукровски, за неговата, барем според фотографијата прилично срдечна средбасо Маја Мојсова од СДСМ внесе денеска попладне сериозна недоумица во јавноста. Лукровски напиша дека заедно со Мојсова ќе ги реализирале проектите за карпошани.
СДСМ на тоа реагираше многу остро, отфрлајќи ги наводите од објавата и шпекулациите што се појавија во јавноста.
„Во целост ги демантираме шпекулациите дека фотографијата на Маја Мојсовa со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски се каква било поддршка од СДСМ за Лукровски. СДСМ апсолутно не го поддржува кандидатот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ против кој се бореше партијата во првиот круг. СДСМ ќе побара објаснување од Маја Мојсова за фотографијата“.
Дали објаснувањето ќе биде доволно? Тоа ќе треба да одлучат органите на СДСМ.
Маја Мојсова во првиот круг од изборите освои 3.827 гласови и беше трета. Пред неа беа Сотир Лукровски со 10.284 и Стевче Јакимовски со 8.761 гласови.