СДСМ: Нечовечноста на ВМРО-ДПМНЕ во случајот Пулс излезе на виделина

➡ Затоа сега е јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден ја попречуваше правдата. Сега е јасно зошто ги штитеше сите свои началници, зошто манипулираа, лажеа и ги напаѓаа граѓаните кои протестираа. ВМРО-ДПМНЕ е нечовечна партија, партија подготвена да гази по сопствените луѓе кои ѝ ја дадоа довербата, само за да се спасат од одговорност, велат од СДСМ.

Страшни се податоците и доказите кои излегоа во медиумите во однос на тоа како се спречувала правдата во случајот Пулс, но најстрашно е што она што јавноста го знаеше и во што се сомневаше се покажа како точно. ВМРО-ДПМНЕ и функционери од партијата директно го штителе сопственикот на „Пулс“, кој постапувал спротивно на сите стандарди, се наведува во соопштението од СДСМ.

„Затоа сега е јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден ја попречуваше правдата. Сега е јасно зошто ги штитеше сите свои началници, зошто манипулираа, лажеа и ги напаѓаа граѓаните кои протестираа. ВМРО-ДПМНЕ е нечовечна партија, партија подготвена да гази по сопствените луѓе кои ѝ ја дадоа довербата, само за да се спасат од одговорност.

-Но, не е само „Пулс“ потврдени се и тврдењата дека Росица лично побарала помош од министерот Тошковски, кој игнорирал. Тоа го тврдат нејзините блиски пријатели, а тој од тогаш се скрил и не се појавува никаде во јавноста. Овие два случаи потврдуваат дека со ВМРО-ДПМНЕ не само што нема правда, туку секоја нова трагедија ќе биде криена, а граѓаните ќе бидат лажени преку центарот за пропаганда во Белата палата. Но тоа веќе не може да се скрие, граѓаните масовно ќе ги казнат на изборите“, велат од СДСМ.