„Лош начин одбрал Тошковски само за да не одговори на клучните прашања во скандалот со поклонетиот имот на Игор Јанушев вреден 325 илјади евра, во зграда каде што има и тој личен имот“, реагираат од СДСМ.
„Несериозна за граѓаните е изјавата на Тошковски дека информациите за скандалот се „расфрлани пердуви“.
Тошковски треба да одговори на јавноста која е неговата улога во целиот случај.
Дали Тошковски и Јанушев се јавуваат и како соинвеститори за заедничка изградба на зградата во центарот на Скопје?
Како од државно земјиште, се приватизира, се менуваат сопственици, па се гради зграда, која на крај завршува со имот на Тошковски и Јанушев?
Јавноста очекува одговори“, порачаа оттаму.