Владејачката СДСМ на 12 декември годинава ќе бира нов лидер на партијата што ќе го наследи актуелниот Зоран Заев кој поднесе оставка.
Доцна синоќа по завршувањето на седницата на ЦО на партијата, портпаролката на СДСМ – Богданка Кузеска изјави дека постапката за избор на нов претседател почнува од денеска и ќе трае 7 дена.
Централниот одбор констатираше дека со поднесената оставка на Заев во партијата потребно е да започне процес за внатрепартиски избори.
По изборот на нов лидер, ќе се избираат и органите во партијата.
Заев на седницата на ЦО информирал дека парламентарното мнозинство е стабилно, изнесува 61 пратеник и очекува да се создадат можности дополнително да се зголеми со цел да се задржи европскиот курс на државата.